[ВИДЕО] Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

A1ON.MK

05/05/2025

14:12

3.047

Големина на фонт

а а а

Невена Спасеска, мајка од Скопје, на која судот во Охрид, а потоа и во Битола и го одзедoa четиригодишното дете по разводот со сопругот од Охрид, без да неведaт конкретен аргумент против неа, проговори јавно со прашање до судиите дали се свесни какви трауми ќе предизвикаат кај детето поради нивните комплетно неоправдани одлуки.

Таа помина низ „инквизициски процес“ на охридско-битолското судство, за кое често се споменува дека правдата е последното нешто што таму може да се најде. Судот во Охрид, а потоа и во Битола, во премногу сомнителна и очигледно по образложението на пресудите, наместена постапка ѝ го одзедоа старателството на мајката. Пресудија да се даде на таткото од Охрид, со апсурдни образложенија дека е подобро да биде со него зошто има пари, дека детето треба да е кај таткото зошто имаат ист пол, до тоа дека помалите места се подобри за одгледување дете. За мајката нема ништо во пресудата. Судиите кои се потпишаа на ваквите пресуди се Ефтим Попевски од Охрид и Жаклина Доведен, која по донесувањето на пресудата стана претседателка на Апелациониот суд во Битола.

Врховниот суд сега има шанса и прилика да ја исправи неправдата и насилието направено врз една мајка, на која неправедно ѝ се одзема детето. Таму е поднесена ревизија, и Врховниот суд е тој што треба да цени дали има суштествени и повреди на материјалното право.

„Искрено сакам да кажам дека многу е тежок и болен самиот процес на прифаќање на разводот сам по себе и на еден нов живот на сам родител, меѓутоа за жал мојата борба не завршува овде бидејќи од таму од каде што дојдов и завршив една приказна носам сѐ уште стравови бидејќи сѐ уште се присутни, со тоа што во текот на целиот процес на еден развод се повторуваат истите закани, истите стратегии, истите дела, само за да се одземе моето дете. Се прашувам каков е тој еден судски систем, едно општество кое си зема за право да даде одлука која е за одземање на дете од мајка, а притоа да нема ниту еден релевантен аргумент за истото за да го направи тоа и дали е таа одлука само врз база на едни лажни изјави кои се презентирани само од едната страна за која цел е многу јасна. Поставувам прашање до истите судии и до тој родител како може, дали се свесни при ваква одлука, при вакво донесување, при ваков став, колку можат да предизвикаат страв кај едно дете кое е само на четиригодишна возраст и кое е навистина многу поврзано со мене како мајка уште од самиот почеток, познавајќи се себеси и познавајќи го моето дете што може да му се предизвика и каква траума може да се придонесе.. Да се оддели дете, самиот факт да се оддели дете од една мајка.. Дали е ова порака кон сите жени пред се мајки да едноставно да задржат еден лош брак само за да не си ги изгубат своите деца, значи почнувајќи од мојата слика до она што јас наназад го собирав и сеуште.. Искрено се надевам дека сеуште има совесни и чесни луѓе во Врховен суд бидејќи мојот предмет сега е таму и дека се отпорни на секаков вид влијанија и поткуп и ќе имаат можност ваквиот начин на донесување одлуки кои се целосно под притисок и корумпираност да го променат“, изјави Невена Спасеска, мајка на четиригодишното дете кое судот и го одзеде без ниеден аргумент.

„Во врска со предметот за старателството над малолетното четиригодишно дете, во кој со правосилна и извршна одлука на Основен суд Охрид припадна на неговиот татко од Охрид поднесена е ревизија пред Врховен суд на РСМ од кој очекуваме да ги цени сите истакнати наводи бидејќи во текот на постапката се сторени повеќе суштествени повреди ,а исто така и погрешно е применето материјалното право.Во нашата држава има јасни законски одредби кога и во кој случај можe да се одземе дете на 4-годишна возраст кое е поврзано со неговата мајка, а која е личност која ги исполнува сите родителски капацитети . Како правен тим кој стои зад мајката Невена Спасеска веруваме дека Врховниот суд ќе донесе законита одлука и ќе дозволи да се исправи неправдата која е нанесена кон ова дете, наведуваат од адвокатскиот тим на мајката за А1он.

Во законот пишува дека дете може да биде одземено од мајката доколку таа има психички проблеми, доколку е нарко зависник или пак е алкохоличарка. Невена Спасеска не е ништо од ова, напротив таа е успешна жена и одлична мајка. Судот во Охрид ниту судот во Битола не наведоа во пресудата зошто четиригодишното дете го одземаат од мајката со која е многу поврзано, не наведоа што е причината дека дететото не смее да биде со неа. Напротив тие наведуваат во пресудата дека таа е добра и грижлива мајка, но сепак одлучуваат да го дадат на таткото.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.