Психијатар советува: Оваа едноставна навика е најдобриот начин да го одржите здравјето на мозокот

Точка

05/05/2025

11:00

1.760

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за чување на здравјето на мозокот, многумина веднаш помислуваат на крстозбори, игри со зборови или разни загатки.

Иако тие активности можат да бидат корисни, сѐ повеќе истражувања покажале дека не се најважни ниту најефикасни.

Имено, она што го правиме со своето тело има директно и значајно влијание на состојбата на нашиот ум.


Значи, најдобар начин да го зачуваме здравјето на мозокот е редовната физичка активност.

Голема анализа открила дека движењето, без оглед на тоа дали станува збор за шетање, возење велосипед или јога, доследно ги подобрува когнитивните функции.

Особено е важна редовноста, 30 минути движење дневно, неколку дена неделно, може да има долгорочно позитивно влијание на помнењето, учењето и носењето одлуки.

Научниците објаснуваат дека дури и умерената активност, како обичното шетање, го поттикнува растот на деловите од мозокот кои се клучни за помнење и учење.

Покрај тоа, физичката активност го стимулира ослободувањето на протеинот BDNF којшто ги јакне врските меѓу нервните клетки. Геријатрискиот психијатар д-р Никхил Палекар, објаснува:


„Покрај сето тоа, вежбањето го зголемува нивото на серотонин и допамин – хемикалии кои го подобруваат расположението и го намалуваат стресот, а токму стресот може да пречи во способноста на мозокот да учи и памети. Заклучокот е јасен: доколку сакаме да го зачуваме здравјето на мозокот, клучот е доследната физичка активност“.