Се дозна вистинското значење на брендот „Durex“ – Интернетот „полуде“

Точка

28/04/2025

17:00

2.430

Големина на фонт

а а а

Компанијата била основана во 1915 година под името „The London Rubber Company“, но во 1929 година се преименувала во „Durex“.

Дурекс (Durex) е еден од најпознатите – и најкористените – брендови во светот. Нивните производи се наоѓаат на полиците во речиси сите супермаркети, во орманите во тоалетите, па дури и во паричниците. Кондомите Дурекс се убедливо најпродавани во светот.


Сепак, оние кои воопшто размислувале за тоа што значи Дурекс, најчесто доаѓале до заклучок дека тоа е кратенка од „During Sex“ (за време на секс), но се чини дека згрешиле.

Вистинската приказна звучи вака: компанијата била основана во 1915 година под името „The London Rubber Company“, а во 1929 година го променила името во „Durex“. Името е всушност акроним што означува „Durability, Reliability, Excellence“ (издржливост, сигурност, извонредност). Трите збора кои тогаш биле избрани да го претставуваат брендот, останале негов заштитен сè до денес.


Од друга страна откривањето на вистинското значење на името на брендот предизвика изненадување меѓу корисниците на социјалните мрежи.

„Секогаш мислев дека Durex е кратенка за DURing sEX“, напишал еден корисник на Инстаграм, а дури и Хелен Ворд, професорка по јавно здравје на Империјал колеџ во Лондон, признала: „Не знаев дека Durex е кратенка за издржливост, сигурност, извонредност“.