Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски зад сцената на погребот на папата Франциск во Рим веќе е означена како историска. Сепак, некои медиуми го покренаа прашањето за тоа на кого му беше наменет третиот стол.
Како што објави британскиот „Телеграф“, разговорот меѓу американскиот и украинскиот претседател бил невообичаен дипломатски момент бидејќи бил првиот директен разговор меѓу двајцата лидери по напнатата прва средба во Белата куќа.
#DonaldTrump expressed "disappointment" with #Russia, while continuing to push for a peace deal to end the war in #Ukraine. On Saturday, the US president held his first in-person meeting with #Zelenskyy at the #Vatican since their contentious White House summit#cnbctv18digital pic.twitter.com/7rCEqr8WCT
— CNBC-TV18 (@CNBCTV18News) April 28, 2025
Оваа средба, која започна во базиликата „Свети Петар“, би можела да го означи почетокот на новата насока во мировните преговори меѓу Украина и Русија.
Според информациите од Белата куќа, разговорот бил „многу продуктивен“, а Зеленски го опишал како „потенцијално историски“ и клучен за постигнување „сигурен и траен мир“ во Украина, објави британскиот весник.
За време на разговорот, Трамп ги критикуваше руските напади врз украинските цивили, додека Зеленски инсистираше на целосен суверенитет на Украина, вклучително и територијата на Крим. Иако двете страни беа подготвени да продолжат со преговорите, останува нејасно дали ќе се постигне конкретен договор, според написите.
Фотографиите од моментот ги прикажуваат двајцата лидери како седат еден кон друг во базиликата, што стана еден од најзначајните моменти на погребот на папата.
Еден од најинтересните моменти беше оној околу „мистериозниот трет стол“.
Според информациите од британскиот „Телеграф“, третиот стол бил поставен веднаш до двете постоечки, што предизвикало шпекулации за неговата намена.
Некои се прашуваа дали е наменет за францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер или можеби за преведувач.
Според извори блиски до француската дипломатија, столчето всушност било наменето за преведувач, а не за Макрон.
Според овие извори, Макрон го охрабрил Трамп да се сретне со Зеленски и се погрижил разговорот да се одржи директно меѓу двајцата, без посредство на други лидери.