Во касарната „Илинден“ оддадена почит за загинатите бранители кај Вејце

Макфакс

28/04/2025

13:05

245

Големина на фонт

а а а

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили.

Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.

На денешен ден пред 24 години кај селото Вејце, во околината на Тетово во одбрана на татковината загинаа осум припадници на безбедносните сили.