Почина 31-годишниот Алајдин Сулејмани, кој беше ранет во престрелката кај Бит Пазар

Макфакс

25/04/2025

18:42

3.835

Големина на фонт

а а а

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар.

„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите“, велат од МВР.

Претходно МВР извести околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури.