[ВИДЕО] Пукање на Бит Пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Макфакс

25/04/2025

15:06

2.388

Големина на фонт

а а а

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит Пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“.

На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош.

Повреденото лице е пренесено на ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот биле најдени повеќе чаури, а засега нема официјални информации за причините за вооружената престрелка.