Се огласи девојката која беше пријавена за исчезната: Објавата е лажна

Макфакс

25/04/2025

10:03

3.792

Големина на фонт

а а а

Симона Стојкова, која вчера беше пријавена за исчезната, објави на „Фејсбук“ дека веста за нејзиното исчезнување е лажна.

„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!! Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.

Драги пријатели,сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате,објавата денес што се прошири дека сум исчезната...

Posted by Симона Мони on Thursday 24 April 2025

Вчера на интернет страницата „najdime.org.mk“ беше објавено дека Стојкова (35) е исчезната. Објавата беше споделувана од корисниците на социјалната мрежа. Според тоа што беше објавено на интернет-страницата, наводно таа се јавила со врискање на денот на исчезнувањето (23.04.2025).

Подоцна од МВР информираа дека кај нив нема пријава за таков случај.