[ВИДЕО] Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона

Дерби

20/04/2025

09:23

1.282

Големина на фонт

а а а

Барселона направи голем пресврт на дуелот со Селта Виго и на крајот освои многу важни бодови во шпанското првенство, но голем број фудбалски фанови и посебно оние на ривалските клубови, сметаа дека судиите ги честеле Каталонците пенал во судиското надополнување.

Прекршокот беше направен над Дани Олмо, а Рафиња го претвори во конечни 4:3 за најмалку задржување на предноста во однос на ривалите за титулата во Ла Лига.

Поранешниот судија Перез Бурул ја имал улогата на стручен коментатор за „Радио Марка“ и пред аудиториумот на мадридскиот медиум истакнал дека судиите не погрешиле што решиле дека имало прекршок за најстрога казна.

– Делуваше како слаб контакт меѓу Лаго и Олмо, но ВАР проверката покажа дека имало удар во ногата на Олмо поради кој тој не можеше да оствари контакт со топката. Затоа и пеналот е коректно доделен, – рекол Перез Бурул.

Главниот судија не досуди пенал во конкретната ситуација, па решавачка беше реакцијата од ВАР собата.