Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Макфакс

20/04/2025

12:47

444

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски се повреди на натпреварот од 32. коло на шпанското првенство против Селта (4:3) и според првите проценки ќе мора да паузира извесно време.

Искусниот Полјак мораше да го напушти теренот, а првите извештаи од соблекувалната не се охрабрувачки. Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, во Барселона постои оправдан страв дека се работи за повреда на задната ложа, потенцијално кинење на мускулот, што би значело пауза од најмалку три недели.

Доколку оваа информација е точна тоа знечи дека Левандовски ќе го пропушти финалето во Купот на Шпанија, против Реал (26 април), но и полуфиналните натпревари против Интер во Лигата на шампионите (30 април и 6 мај).

36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, на 31 првенствен натпревар постигна 25 гола и додаде две асистенции.