Гвардиола: Ако не влеземе во ЛШ, некои фудбалери нема да сакаат да дојдат кај нас

Макфакс

19/04/2025

14:25

1.085

Големина на фонт

а а а

Манчестер сити одамна не е конкурентен во борбата за титулата англиски шампион, а до крајот на сезоната ќе води жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Им оди во прилог и податокот дека Англија следната сезона во елитата ќе биде застапена со пет клуба.

За ова е свесен и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој истакна дека клубот ќе се најде во исклучително тешка ситуација доколку следната сезона не обезбеди учество во Лигата на шампионите.

„Прилично сум сигурен дека играчите прво ќе ги изберат оние клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите. Можеби некои играчи ќе дојдат дури и ако не играме во Лигата на шампионите, но сигурно ќе има и такви кои нема да сакаат да дојдат доколку не избориме пласман. Се уште не сум разговарал со никого, па не знам”, изјави шпанскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот со Евертон.

Тој се осврна и на заминувањата откако Кевин де Брујне објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

„Освен Кевин де Бруине, другите имаат договори. Сега сме фокусирани на крајот на сезоната, имаме шест натпревари во првенството, плус Купот, а потоа 10 дена одмор и веднаш ќе одиме во САД на Светското клупско првенство“, изјави Пеп Гвардиола, чиј договор со „граѓаните“ е до летото 2027 година.