[ВИДЕО] Мадона (66) сними ТикТок видео со момчето (28) – Го покажа лицето без шминка

Точка

19/04/2025

13:18

2.005

Големина на фонт

а а а

Мадона (66) објави видео на ТикТок со нејзиното момче Аким Морис (28).

Му се приклучиле на трендот

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „The Fresh Prince of Bel Air“ додека свири песната „Anxiety“ од раперката Доечи, а пејачката нема шминка на лицето.


Таа била лежерно облечена во широки панталони, предимензионирана кошула и јакна, додека Аким носел тренирка.

Овој танцов тренд започнал минатиот месец кога Вил Смит ја рекреирал сцената од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

Watch on TikTok


Инаку Аким, поранешниот колеџ фудбалер, ја запознал Мадона во август 2022 година, но ја потврдиле романсата две години подоцна. Во јули минатата година, Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм, кога објави фотографии од нив. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но набргу се помириле.

Снимени на вечера во Лондон

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“.



Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и се здодеало од фотографите, па им го покажала средниот прст.