На судењето откриено како Марк Закерберг сакал да го спаси "Facebook" и звучи малку лудо

Точка

17/04/2025

21:01

1.706

Големина на фонт

а а а

Марк Закерберг (40) имал навистина невообичаена идеја за да го спаси "Facebook" од пропаст — предложил да се избришат сите листи на пријатели на корисниците. Овој предлог излезе на виделина за време на судењето помеѓу компанијата "Meta" и Федералната трговска комисија (FTC), кое започна на почетокот од месецов. "FTC" тврди дека "Meta" незаконски го монополизирала пазарот на лични социјални мрежи со купувањето на "Instagram" и "WhatsApp".

На судењето во Вашингтон, Закерберг зборуваше за тоа како конкуренцијата почнала да му претставува закана на "Facebook", што го натерало да размислува за екстремни идеи — како бришење на листите со пријатели или купување на "Snapchat", со цел да изгради медиумска империја.

Закерберг изјави дека во 2022 година размислувал за драстичен потег: да ги натера корисниците да започнат од почеток без пријатели, со надеж дека тоа повторно ќе ја поттикне нивната активност на платформата.

„Иако "Instagram" и "WhatsApp" имаат добар напредок, не гледам како нашата компанија би успеала ако "Facebook" не биде успешен. Затоа моравме да го решиме тој проблем“, рече тој пред судот.

@omaragamyy2 What do you think of that #facebook #meta #usa #fyp ♬ original sound - omaragamyy2

Идеи за "Facebook" што никогаш не беа реализирани

"FTC" исто така обвини дека "Facebook" почнал да прикажува сè повеќе реклами бидејќи бил свесен дека корисниците немаат други алтернативи. На тоа, Закерберг одговори: „Корисниците мислат дека рекламите се исто толку добри колку и обичните објави“. "Meta" дури размислувала и за создавање посебен "feed" само за реклами.

Размислување за одвојување на "Instagram"

Закерберг откри и дека во одреден момент размислувал "Instagram" да стане посебна компанија. Во еден мејл од 2018 година, тој им напишал на своите извршни директори: „Иако повеќето компании се против поделби, историјата покажува дека мнозинството од нив функционираат подобро откако ќе се раздвојат.“


Обид за купување на "Snapchat"

"Meta" сакала да го купи "Snapchat". Пред 12 години, Закерберг им рекол на своите директори дека ќе протече информација оти понудиле 6 милијарди долари за купување на "Snapchat". „Ја испратив понудата до Еван Шпигел, сопственикот на "Snapchat". Мислам дека ќе ја прифати“, напишал тогаш. Но, само неколку часа подоцна, Шпигел ја одбил понудата, објаснувајќи дека сака сам да го изгради "Snapchat".

Закерберг додал дека "Snapchat" ќе напредувал многу побрзо доколку ја прифател понудата, бидејќи "Meta" имала големи планови за развој и подобрување на платформата.


"TikTok" – најголемата закана

Закерберг зборуваше и за итноста на реакцијата на конкуренцијата што ја донесе "TikTok". Во 2018 година "TikTok" почна нагло да расте, а "Meta" забележала дека интересот за нивните платформи почнал да опаѓа.

Ова станало критичен проблем, бидејќи "Meta" сакала да ја задржи доминацијата на пазарот на социјални мрежи и да одговори на предизвиците што "TikTok" ги поставил во однос на ангажманот на корисниците, иновациите и привлекувањето на нова публика.

„Забележавме драматично забавување во нашиот раст откако "TikTok" почна да станува популарен. Мораше итно да реагираме. Тоа беше најголем предизвик за компанијата во последните неколку години“, заклучи Закерберг.