"Google" го исчисти интернетот како никогаш досега – отстранети 5,5 милијарди!

Точка

17/04/2025

17:39

2.565

Големина на фонт

а а а

Во текот на минатата година, "Google" суспендираше повеќе од 39,2 милиони кориснички сметки на огласувачи на својата платформа – тројно повеќе во споредба со претходната година.

Најновата генерација на големи јазични модели (LLM) на "Google" работи многу поефикасно. Во споредба со претходните верзии, сега им е потребен само мал дел од информациите за да препознаат лажни огласи или манипулативни огласни кампањи.


Според Извештајот за безбедност на огласите за 2024 година, злоупотребата на рекламните платформи на "Google" е значително намалена. Компанијата наведува дека се:

• Суспендирани повеќе од 39,2 милиони сметки на огласувачи,

• Отстранети над 5,1 милијарда огласи,

• Ограничени уште 9,1 милијарда огласи.

Еден од клучните механизми во борбата против измами е верификацијата на идентитетот на огласувачите. Процесот служи за потврда на вистинскиот идентитет пред објавување на огласи на "Google" платформите, со цел спречување на измами и зголемување на транспарентноста. Програмата опфаќа над 200 земји, а просечно 90% од сите огласи што ги гледаат корисниците се од верификувани огласувачи.


"Google" посебно ја истакна употребата на генеративна вештачка интелигенција за создавање лажни видеа со познати личности што се користат во инвестициони и крипто измами.

Како резултат на тоа, "Google" трајно суспендираше над 700.000 сметки на огласувачи поради прекршување на политиките за лажно претставување преку вештачка интелигенција. Ова доведе до пад од 90% во пријавите на вакви измамнички огласи во текот на изминатата година.


„Иако сме охрабрени од овој напредок, продолжуваме активно да работиме на спречување на ваквите измами“, порачуваат од "Google".