Шарунас Јасикевичиус е добитник на трофејот „Александар Гомељски“, кој Евролигата му го доделува на најдобриот тренер во сезоната. Популарниот Шарас за првпат во кариерата е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Евролигата.
„И покрај бројните повреди, тој го предводеше Фенербахче до скор 23-11 и второто место во регуларниот дел од сезоната“, накратко ја објасни одлуката Евролигата, која веднаш ја ги подели кошаркарските фанови ширум Европа.
„Тиаго Сплитер е ограбен“, е чест коментар на социјалните мрежи по одлуката трофејот „Александар Гомељски“ да не му припадне на Бразилецот на клупата на дебитантот во евролигашкото натпреварување, тимот Париз.
Инаку, Јасикевичиус е првиот Литванец и 14. тренер во историјата на кого му е доделена наградата „Гомељски“.
Евролигата ја востанови оваа награда во 2004 година, оттогаш најпрестижната индивидуална награда во тренерската конкуренција три пати им припадна на Јоргос Барцокас и Жељко Обрадовиќ.
За најдобри двапати беа прогласени Еторе Месина, Пабло Ласо и Димитрис Итудис.