Спиел со најубавите жени во Холивуд, а потоа се оженил со најлошата: За една година таа му го претворила животот во пекол

Точка

10/04/2025

16:30

4.940

Големина на фонт

а а а

Џони Деп бил лудо вљубен во Амбер Херд, но самиот не бил свесен колку таа љубов била деструктивна. Четири години се влечеа по судови.

И покрај приливот на нови, млади ѕвезди во Холивуд, старите актери сè уште се ценети. Тоа можеше да се види и на овогодинешните Оскари, кога на црвениот тепих продефилираа имиња како Деми Мур, Памела Андерсон, Никол Кидман...

Кога станува збор за Џони Деп, последните неколку години тој беше постојано присутен во таблоидите, но не поради филмските улоги, туку поради бурниот љубовен живот. Иако неговата приказна денес често се наведува како пример за неуспешната култура на „откажување“, скандалите од минатото сепак оставија дамка на неговата репутација.


Тешко детство

Џони Деп уште од рана возраст сфатил колку животот може да биде тежок. Родителите му имале проблеми со алкохолот и често не обрнувале внимание на него. Како тинејџер, паднал под влијание на лошо друштво и станал зависен од алкохол, цигари и недозволени супстанци.

На 13 години веќе ја напуштил школата, но почнал да заработува свои пари — бил басист во групата The Kids и свирел во ноќни клубови. По разводот на родителите, мајка му се омажила повторно, а животот на Џони малку се стабилизирал. Сепак, тој ја преферирал слободата пред идејата за семеен живот. На 16 години го напуштил домот и додека собирал пари за да изнајми соба, спиел во својот автомобил. Во тоа време се надеваше дека ќе живее од музиката, но ниту еден продуцент не сакаше да ги слушне неговите песни.


Почетоци на кариерата

Кога сфатил дека музиката не му оди, Џони решил да се проба во актерството — и таму работите започнале да се движат во позитивна насока. Актерски агент што го познавал го поканил на аудиција за „Кошмар на улицата Елм“, а потоа следувале улоги во „Приватно одморалиште“ и „Вода“. Не само што изгледал одлично пред камера, туку и се однесувал професионално на снимање, што режисерите го ценеле.

Првата главна улога ја добил во музичката комедија Cry-Baby, каде што го глумеше дрскиот училишен насилник Вејд.

Џони Деп доживеа вртоглав успех благодарение на мрачниот гениј на кинематографијата — Тим Бартон. Соработката започна во 1990 година со Edward Scissorhands, филм кој му донесе светска слава и прва номинација за Златен глобус.

Следуваа култни класици: Donnie Brasco (1997), The Astronaut’s Wife (1999), The Ninth Gate (1999), Blow (2001). Деп знаеше да биде шармантен, морничав, смешен и трагичен. Неговата популарност растеше толку многу што режисерите му дозволуваа сам да ги избира актерските партнери. За What’s Eating Gilbert Grape, токму Деп го одбрал младиот Леонардо ДиКаприо за улогата на неговиот брат.

На врвот на популарноста

Иако имал одлични драмски улоги, токму ликот на капетан Џек Спароу во Пиратите од Карибите го направи глобална икона. Деп често изјавувал дека не глумел во тие филмови поради кариера, туку затоа што му било забавно. Режисерите на почетокот не го сакаа ликот на Спароу — им бил премногу ексцентричен. Но публиката беше воодушевена, и повторно се заљуби во Џони.


Доказ за тоа колку бил клучен за успехот на серијалот е фактот дека штом одби да се врати, интересот за продолженијата значително опадна.

Контроверзија и пад

Џони Деп никогаш не бил оспоруван за својот талент, но неговата репутација секогаш била нестабилна. Често влегувал во конфликти, користел недозволени супстанци, имал бурни раскинувања, трошел милиони на луксуз и еднаш дури признал дека на синот му дал марихуана со образложение: „Подобро да проба дома, отколку на улица.“

На крајот, не го уништила неговата ексцентричност, туку една подеднакво нестабилна и манипулативна жена — Амбер Херд.

Бракот со Амбер Херд

Џони за првпат се оженил во 1983 година со шминкерката Лори Ен Алисон, но по разводот никогаш не зборувал за неа. Подоцна имал сериозни врски со Кејт Мос, Винона Рајдер и Ванеса Паради, со која има две деца. Никогаш не се ожени со Паради.


Во 2011 година, на снимањето на The Rum Diary, ја запознал Амбер Херд и го изгубил разумот. Се венчале во 2015 година, но веќе по една година таа поднела барање за развод и објавила есеј за семејно насилство, во кој го обвинила за насилство и сексуално присилување.


Обвинувањата беа сериозни, а Холивуд веднаш му ги раскина сите договори. Следните четири години Деп ги помина на суд, обидувајќи се да ја зачува својата кариера.

Иако и двајцата имаа свои „сенки“, судот утврди дека дел од тврдењата на Херд биле лажни и ѝ наложи да му исплати значителна отштета. Деп изјави дека е подготвен да ѝ прости — само да исчезне од неговиот живот засекогаш.


Амбер Херд сега живее во Шпанија и се грижи за своите деца, далеку од Холивуд. Џони Деп, пак, вели дека нема намера да се откаже од актерството и сака повторно да се фокусира на уметноста. Денес, тој тврди дека ужива во животот повеќе отколку кога бил на врвот на славата.

Дали навистина го дочека својот триумф по „откажувањето“ — тоа сè уште останува отворено прашање.