Диететичарка ги откри предностите на секојдневното консумирање десерти

Точка

01/04/2025

16:15

1.829

Големина на фонт

а а а

Многумина веруваат дека исфрлањето на десертите е клучен чекор кон поздрава исхрана, но диететичарката Мекензи Бурџис го истакнала токму спротивното.

„Јас консумирам десерт секој ден – и не чувствувам ни трошка вина поради тоа“, изјави таа за „Parade“. Наместо да поттикнува забрани, таа нагласи дека рамнотежата е клучна: уживањето во слатките може да нѝ помогне да не развиеме опсесивен однос со храната и да не се чувствуваме лишени, што на долг рок го поддржува здравиот однос со храната.


Еден од најголемите проблеми со строгите ограничувања е тоа што тие често доведуваат до прејадување. „Кога нешто си забрануваме, желбата за тоа станува уште посилна“, објаснила диететичарката и додала дека умереното уживање во сите видови намирници го намалува нивниот „забранет“ статус и го олеснува контролирањето на апетитот. Уживањето во десерти како дел од урамнотежена исхрана може да има и физички и психолошки придобивки.

Исхраната не е само прашање на хранливи материи, туку и на задоволство. „Ако постојано јадете на начин кој изгледа ригиден или без радост, веројатно нема да можете да го одржувате долго“, рекла Бурџис.. Истражувањата ја поддржуваат идејата дека задоволството од храната е поврзано со подобри навики во исхраната. Кога јадеме со задоволство и без чувство на вина, долгорочно носиме поздрави одлуки.


За оние кои обожуваат благо, диететичарката препорачува едноставни и хранливи десерти како грчки јогурт со мед и бобинки, темно чоколадо, протеински сладолед, овошни комбинации со путер од јаткасти плодови или дури и мали количини класични колачи.

„Време е да престанеме да ги демонизираме слатките и да научиме да ги вклопиме во здравиот начин на живот – без чувство на вина“, истакнала Бурџис.