[ФОТО] Венчаницата не мора да биде ниту прескапа, ниту грандиозна! Ана Ивановиќ својата ја купила на интернет по симболична цена, а изгледала прекрасно

Точка

01/04/2025

15:42

2.372

Големина на фонт

а а а

Ана Ивановиќ го изговорила судбоносното „да“ на Бастијан Швајнштајгер точно напладне на 12 јули 2016 година. Свадбата на српската тениска принцеза и славниот германски фудбалер била ударна вест во светските медиуми, а за божествената венчаница и денес се зборува. Всушност, таа имала две …

Сезоната на венчавки штотуку започна, паровите кои одлучиле ова лето да стапнат на лудиот камен, ги доведуваат при крај подготовките за големиот ден, а идните невести бараат креација во која ќе се заколнат на вечна љубов, што е можеби најкомплицираниот предмет во свадбениот процес. Па, драги дами, доколку сè уште не сте го пронашле идеалниот фустан, погледнете ја белграѓанката која важи за стилска икона во светски размери. Ана Ивановиќ блескала во венчаница која сè уште остава без здив.

Да бидеме прецизни, поранешната тенисерка носела две креации, бидејќи бајката во Венеција траела два дена. Прво во градското собрание го изговориле судбоносното „да“, а следниот ден ги повториле заветите пред Бога, во црквата „Abbazia della Misericordia“, една од најстарите во романтичниот град на северот на Јадранот.


На граѓанската венчавка убавата Ана се појавила во едноставна венчаница со потпис на Паркер Фарал, која ја купила преку интернет по цена од 275 евра. Скромно, биле бројните коментари … Белиот модел со тесен крој, со набори на предната страна и дискретен шлиц на деколтето, ги воодушевила присутните, што значи дека не погрешила кога се одлучила за овој њујоршки бренд наместо за нешто скапо и звучно, како што е, на пример, Вера Ванг.


Сè на неа било апсолутно совршено, од фустанот до пуштената коса и дискретната шминка. Впрочем, тајната на елеганцијата е едноставноста, да повториме по којзнае кој пат.

Вториот ден Ана Ивановиќ носела креација на Сузи Тарнер, елегантна венчаница со долг шлеп, со букет бели божури и ефективна пунџа. И, како во првиот „случај“, насмевка од милион долари.


За разлика од првиот модел, овој фустан, како што пренесуваат германските медиуми, бил изработен специјално за невестата, а вредел меѓу осум и десет илјади евра. Бидејќи шлепот бил долг околу пет метри, ѝ била потребна мала помош за да излезе од водното такси.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер – речиси девет години брак, три деца, многу патувања и деловни активности кои ги продолжија откако ја завршија успешната кариера, а најмногу љубовта.