Жена донесе новороденче дома – реакцијата на нејзиниот мопс ќе ви го скрши срцето

Точка

28/03/2025

19:02

3.697

Големина на фонт

а а а

По три дена отсуство, бидејќи била во болница за да се породи, корисничката на "TikTok", Хедер Фрост, доживеала вистински емотивен шок кога се вратила дома.

Нејзиниот мопс, Гас, кој е научен да биде во центарот на вниманието и секоја ноќ спие во нејзината прегратка, ја пречекал со поглед полн со разочарување и болка.

Гас не можеше да ги скрие своите емоции

Неговата збунетост и повреденост биле речиси опипливи. Иако станува збор за пристигнување на нов член во семејството, Гас тоа го доживеал како предавство.

Во виралното видео, кое сопственичката го споделила пред четири дена, мопсот ја гледал како да ги заборавил сите заеднички моменти што ги делеле уште од кога бил мало кученце.

Наместо вообичаеното мавтање со опашката и весело скокање, разочараниот Гас се скрил зад каучот.

@heather.frosty Gus was not happy 😩🤣 #dog #newborn #mom ♬ original sound - Heather Frost

Корисниците на TikTok му дадоа поддршка на Гас

Видеото го прегледале повеќе од 1,5 милиони луѓе, а коментарите се преполни со поддршка за Гас: „Ова е вистинско предавство“, „Не му кажавте на Гас дека ќе донесете новороденче, нормално дека е шокиран“, „Гас не го побара ова!“, „Му го уништивте животот!“, „Како се осмелувате?“, „Кутар тој, мисли дека ќе го замените…“

Очигледно е дека реакцијата на Гас ја растопи публиката, а дали ќе се приспособи на новата ситуација – останува да се види.