Хаофеи Ванг, шефот на инженеринг и развој на производи во компанијата „Икс“, неочекувано ја напушти својата функција. Ванг се приклучи на компанијата што ја води Илон Маск во јули 2023 година и оттогаш беше клучна фигура во нејзиното раководство.
Тој беше одговорен за инженеринг и развој на производи во периодот кога Маск го префрли фокусот на други проекти, како што се "kAI" и "DOGE".
Засега, не е познато зошто Ванг си заминал, а ниту тој, ниту портпаролот на платформата „Икс“ не одговорија на барањата за коментар, пишува "Verge".
Во последните месеци, „Икс“ значително го зајакна својот инженерски тим. Во јануари, на тимот му се придружија Мајк Далтон и Удаи Рударају, двајца поранешни технички лидери во „Robinhood“.
Според нивните "LinkedIn" профили, и двајцата сега се вклучени во "kAI" проектот, кој во текот на изминатата година стана сè поблиску поврзан со платформата „Икс“.