Свирежи за Владата и 16-минутен молк за жртвите во Кочани

Точка

24/03/2025

21:01

2.220

Големина на фонт

а а а

Со извици како „Убијци“, „Профитери“ и „Ние сме системот“, граѓаните побараа одговорност за трагедијата во Кочани во која загина 59 лица.

Граѓаните пред Владата одржаа и 16-минутен молк за жртвите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани минатата недела.

На протестниот марш во Скопје излегоа околу 10.000 граѓани.

Протестот започна на Плоштадот Македонија, продолжи кај Собранието и кај зградата на Владата.

Објектот на Владата е обезбеден со присуство на полицијата. Досега е мирно и без инциденти, а следи 16-минутен молк и неколку говори од учесниците во протестот.