Во пожар што избувнал во затворен хотел во ски-центар во југозападна Турција, едно лице загинало, а три лица се хоспитализирани.
АП пренесе дека пожарот се случил два месеци по трагедијата во друго турско зимско одморалиште во која 79 лица изгореле до смрт.
Мустафа Бозбеј, градоначалникот на Бурса, изјавил дека хотелот „Кервансарај“ во Улудаг, во провинцијата Бурса, бил празен кога избувнал пожарот во 5:30 часот по локално време.
Турските медиуми објавија дека хотелот кој бил стар 30 години, а кој се наоѓа на три часа возење од Истанбул, бил затворен по налог на инспекција.
На снимките од местото на пожарот се гледа како пламенот го голта шесткатниот хотел.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот по два часа, но дури откако пламените јазици целосно ги уништиле горните катови на хотелот.