Црногорската јавност со огормна тага пренесе една тажна и разочарувачка вест ова попладне, бидејќи преку националниот телевизиски сервис се прошири информацијата за прераната смрт на Андрија Делибашиќ.
Напаѓачот кој уживаше статус на фудбалски великан во Црна Гора прерано заминува од овој свет на 43-годишна возраст, сето тоа како последица на тешката битка која ја водеше со најподмолната болест во изминатите две години.
Делибашиќ ја загуби борбата со туморот на мозокот на еден месец пред да наполни 44 години, па оваа вест ја трогна цела црногорска спортска јавност, но и фановите на Партизан и неколку познати шпански клубови.
Андрија ќе остане во сеќавање на Црногорците како играчот кој постигна сензационален гол против Англија за 2:2 и пласман во бараж за Европското првенство, но и како човек кој секогаш го даваше најдоброто од себе на теренот, но и надвор од него.
Во својата клупска кариера, Делибашиќ постигна вкупно 101 гол, од кои најмногу за Партизан (48) каде играше од 1999-та до 2004-та година. Од авантурата во Шпанија, Андрија постигна 20 гола за Еркулес, 14 за Рајо Валјекано, 7 за Мајорка, 6 за Реал Сосиедад, додека настапуваше и за португалска Брага каде постигна 4 погодоци.