Киву беснеел на полувреме: Некои работи остануваат меѓу мене и играчите

Дерби

20/09/2026

12:39

179

Големина на фонт

а а а

Рома и Интер си поделија по едно полувреме и одиграа 2:2 во големото италијанско дерби на „Олимпико“, натпревар кој очигледно донесе и голема фрустрација кај Кристијан Киву, особено во воведните 45 минути.

Тренерот на Интер не ја криеше нервозата со своите гестикулации од клупата, а како што стојат работите, Романецот им приредил и „фен-третман“ на своите ѕвезди на паузата меѓу двете полувремиња.

Интер излезе како друг тим во вториот дел и експресно се врати во игра со гол за 2:1, по што во продолжение постигна и втор за избегнување на пораз и освоен бод во престолнината.

– Ќе ја почнам мојата анализа од второто полувреме, првото сакам да го заборавам. Им кажав на играчите што мислам за тоа за време на паузата, но тоа што го кажав останува меѓу мене и нив. Имав што да им кажам, но тоа останува меѓу нас.

– Самите играчи знаат што сакав да кажам, но сигурен сум дека и тие се свесни за лошото издание кое го имаа. Сакам да се фокусирам на вториот дел и на реакцијата која ја имавме како тим. Покажавме став, храброст и карактер. Се соочивме со извонреден противник, знаеме што претставува Рома во овој момент и на крајот понудивме забава за неутралните фанови. Мора да градиме од играта во вториот дел, а некои работи од овој натпревар ќе останат меѓу мене и играчите, – порача Киву.