Легендата на фудбалот доживеа болен развод и инфаркт, повеќе не личи на себе: „Воопшто не уживам во животот“

Точка

14/03/2025

20:37

4.232

Големина на фонт

а а а

По повеќе од една деценија брак, Икер Касиљас своевремено се раздели со Сара Карбонеро, што било тешко по него. Нивниот бакнеж на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година стана вирален, но таа љубовна приказна дојде до неславен крај.

Поранешниот шпански фудбалер Икер Касиљас е несомнено еден од најдобрите голмани во поновата историја, но наместо да ги жнее плодовите од големата кариера, славниот голман на Реал минувал низ вистинска животна драма. Касиљас најпрвин на тажен начин ја заврши својата славна кариера, бидејќи се пензионираше поради последиците од тешкиот срцев удар на тренингот на Порто, а потоа го напушти и сопругата Сара Карбонеро.


„Не спијам редовно. Сакам да изгледам како да сум добро, но не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но веќе не можам да сонувам“, во една прилика признал Икер.


Касиљас објавил фотографија од селото бидејќи често патува, а таа добила огромен број лајкови и коментари.

Многумина беа загрижени за неговиот изглед.

„Изгледа како да те удрил воз“, напишал Жерар Пике.

По разделбата, Икер поминал низ неколку романси, но не успеа да го убеди светот дека ја преболел Сара Карбонеро.