Помладиот брат Копмајнерс: Прашање на време е кога Теун ќе ги повтори игрите од Аталанта

Дерби

14/03/2025

13:58

211

Големина на фонт

а а а

Трансферот на Теун Компајнерс од Аталанта во Јувентус беше топ тема на италијанската фудбалска сцена, исто како што и неколку месеци подоцна медиумите постојано го критикуваат Холанѓанецот за своите изданија во дресот на „бјанконерите“.

Засега популарниот „Коп“ е бледа сенка на играчот од периодот кога настапуваше во Бергамо, а неговиот помлад брат Пер открил како се чувствува фудбалерот во досегашниот дел од сезоната.

– Однадвор постои голем притисок врз него поради трансфер сумата која беше платена од Јувентус.

– Но, луѓето најчесто не разбираат што значи да промениш средина, да промениш клуб, да се адаптираш на стилот на игра на тренерот.

– Она што можам да го гарантирам е дека Теун најмногу од сите посакува да се врати на нивото од Аталанта, знам дека секојдневно дава максимум и според мене прашање на време е кога ќе го видиме во такви изданија. Тој е многу самокритичен, но никој од фановите не знае точно што се случува зад сцената, а тоа влијае на фудбалерите, – рекол помладиот Копмајнерс, кој во моментов е член на АЗ Алкмар.