Финскиот окружен суд денеска објави дека го прогласил рускиот државјанин Јан Петровски за виновен за воени злосторства во источна Украина во 2014 и 2015 година, осудувајќи го на доживотен затвор.
Петровски, кој повремено го користел и псевдонимот Воислав Торден, е обвинет за 5 различни злосторства извршени пред 10 години во конфликтите во Луганск – конфликти кои започнале пред руската инвазија на Украина во 2022 година, пренесе Ројтерс.
Петровски, кој е под санкции на Европската унија и САД од 2022 година, ги отфрли сите обвиненија, рече неговиот адвокат Хеики Лампела пред судот во Хелсинки минатиот декември.
In today's #vatniksoup, I'll introduce a Russian-Norwegian mercenary, Yan Petrovsky AKA Voislav Torden AKA "Slavyan". He's best-known as the co-founder of the Rusich Group,for committing war crimes in Ukraine, and for trying to start a normal life after in Northern Europe.
— Pekka Kallioniemi (@P_Kallioniemi) August 31, 2023
1/20 pic.twitter.com/aDupQqOgJm
Војувал и во Сирија, го сменил името, но бил „уловен“
Петровски бил член на групата Русич, руската екстремно десничарска и неонацистичка паравоена група, а беше уапсен во Финска во 2023 година.
Според американското Министерство за финансии, Петровски станал командант на таа паравоена група во 2022 година. Тој ја презел функцијата од Алексеј Милчаков, кој истата година бил ранет во борбите за Харков. И двајцата завршија под санкции на ЕУ и САД за дејствија кои го загрозуваат суверенитетот, независноста и безбедноста на Украина.
Петровски можел да влезе во Финска во 2023 година благодарение на неговото ново име и фактот што на неговата сопруга и било понудено место на тамошен универзитет. Тој со сопругата и трите деца пристигнал во Финска со автомобил преку контролниот пункт Валима на 19 јули, а бил приведен следниот ден додека патувал за Ница да ги посети роднините.
Иако Киев побарал Петровски да биде екстрадиран во Украина, финскиот Врховен суд го одбил барањето, предупредувајќи на лошите услови во украинските затвори, пренесе „Индекс“.
Инаку, Петровски во младоста неколку години живеел во Норвешка.
Учествувал и во војната во Сирија, каде што се борел заедно со режимот на претседателот Башар ал Асад. Норвешка го депортирала во Русија во 2016 година поради загриженост дека претставува безбедносна закана.