Окта со пресврт до победа над Халк Банка

Точка

14/03/2025

10:26

149

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Окта со пресврт до победа над Халк Банка

Халк Банка 4-7(3-4) Окта

Халк Банка: Мартин Дамевски 1”, Тигран Кандикјан 4”, Дејан Петковски 7” 31”

Окта: Наум Костовски 8”, Александар Јовчески 16” 19”, Христијан Гроздановски 20” 38”, Бојан Станковиќ 22” 39”

Одличен почеток за екипата на Халк Банка во дуелот со Окта, тие уште во првата минута од полувремето успеаа да го отворат резултатот. Ова им даде дополнителен мотив па во продолжението екипата Халк Банка притисна уште поцврсто кон голот на Окта што им донесе зголемување на предноста на 3-0. Ова беше аларм за екипата на Окта која успеа да ги консолидира своите редови, и од минута во минута ја топеше предноста на Халк Банка а во 19та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на 3-3. И кога се мислеше дека со овој резултат дека ќе се замине на паузата Окта со погодок во последните сркунди од полувремето успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-4 резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме екипата на Окта продолжи во одличен ритам и преку Станковиќ успеа да зголеми на 3-5, ова ја примора екипата на Халк Банка да започне со поофанзивна игра и да го користи својот голман како голман играч како би створила вишок во нападот. Екипата на Окта одлично ја имаше поставено играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци на противникот. До крајот на натпреварот екипата на Окта успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар да слави со 4-7.

Во дожд од голови Нетцетера до победа над Тиквеш

Тиквеш 2-12(1-4) Нетцетера

Тиквеш : Делчо Кировски 12”, Александар Ристевски 24”

Нетцетера: Мирослав Радиќ 6” 11” 27” 30”, Евгениј Костадинов 8” 32” 40”, Теодор Димитровски 18” 27”, Кирил Костов 21” 24” 31”

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и Нетцетера. Двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со отворен фудбал. Екипата на Нетцетера со погодокот на Радиќ успеа да го отвори резултатот, а нему му се приклучи и Костадинов за да дојдат до предност од 0-3. Екипата на Тиквеш со брзи контра напади често се закануваше кон голот на Нетцетера а во 12та минута преку Кировски успеа да намали на 1-3. Сепак екипата на Нетцетера до крајот на полувремето успеа да ја зголеми резултатската предност и на паузата да замине сп резултат од 1-4.

Во второто полувреме екипата на Нетцетера продолжи со одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на Тиквеш вечерва не успеваше да го пронајде својот ритам, што Нетцетера вешто го искористи за убедлива победа во овој дуел со резултат од 2-12.