Величествената „шрауба“ на Митев ги крена на нозе сите присутни во „Борис Трајковски“

Дерби

13/03/2025

15:52

881

Големина на фонт

а а а

Македонија не го искористи одличниот влезе во мечот за да оствари победа против фаворизираната Словенија, па конечните 26:32 се нависитна непријатни ако се знае дека нашата селекција во воведот од натпреварот водеше со 10:4.

Избраниците на Кирил Лазаров делуваа навистина полетно во овој дел од играта и изгледаше дека Словенците немаат решение за нашите напади, период во кој посебно воодушеви Марко Митев.

Талентираниот среден бек уште еднаш ја покажа сета ракометна магија со која располага, режирајќи една бравурозна „шраубра“ која ги крена на нозе сите присутни во „Борис Трајковски“.

Ракометарот на Алкалоид се проби во свој карактеристичен стил, па иако беше влечен и држен од противникот, успеа да погоди додека се вртеше во воздух.

Ова беше убедливо најубав потег на натпреарот кој вчера се одигра во македонската престолнина, а истиот докажува дека бекот на Алкалоид нависитна има светла иднина пред себе.