Бразилска телевизија објави најдобар агол од спорниот пенал: Имаше ли двоен контакт од Алварез?

Дерби

13/03/2025

13:53

1.286

Големина на фонт

а а а

Поништениот пенал на Хулијан Алварез е топ тема во светската спортска јавност по крајот на драматичното осминафинале во Лигата на шампиони, а дури ниту најдоброто видео кое што е објавено досега, не ги рачсистува целосно дилемите околу ударот на Аргентинецот.

Шимон Марчињак доби сугестија од ВАР собата дека Алварез имал двоен контакт со топката во моментите кога го совлада Куртоа во втората серија од пенал рулетот, па откако погодокот беше поништен, фановите останаа пократки за евидентен доказ дека ситуацијата е нерегуларна.

Шпанските медиуми се уште се сомневаат околу точноста на одлуката која ја донесоа луѓето во ВАР, но бразилската телевизија „ТНТ“ е онаа која засега го прикажа најдоброто видео од контроверзниот момент.

„ТНТ Бразил“ долови најдобар агол од пеналот кој го изведе Алварез, а во својата анализа, споменатата телевизија вели дека сепак има минимален двоен контакт од Хулијан, кој прави одлуката на судиите да биде точно.

Забавената снимка досега е најдобриот доказ кој го добија фудбалските фанови, но сепак има такви кои се уште мислат дека погодокот беше регуларен…