„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

11/03/2025

10:42

4.122

Големина на фонт

а а а

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис ас Јахоски го труе народот со мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес нема да чуете од СДС загриженост поради загадениот воздух, но ќе видите како криминалците на Венко Филипче поради провизии и бизниси го труеле народот со канцероген мазут. Тоа се истите тие кои правеа милионски договори со министерствата на СДС, вклучително и министерството за здравство додека Венко Филипче беше министер за здравство.

Колку училишта и министерства набавиле од канцерогениот мазут на другарите на Филипче?

Колку објекти користеле од истиот мазут кој бил канцероген и додека Филипче и дружината правеле милиони, народот бил убиван од канцероген мазут.

Вистината ќе излезе на виделина. Се расплеткува клопчето на криминалци во политиката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.