[ФОТО] Жесток одговор на Украинците до Трамп: „Нападот на Москва е доказ дека и ние ги имаме карти

Точка

11/03/2025

22:22

4.143

Големина на фонт

а а а

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека вечерните напади врз Москва ја демонстрираат способноста на Украина да изврши „многу сериозни“ удари врз Русија.


Говорејќи за Би-Би-Си од Киев, тој истакна дека „ова испраќа порака дека и ние ги имаме картите“, очигледно алудирајќи на неодамнешната изјава на Доналд Трамп дека верува оти Русија „ги има картите“ во какви било мировни преговори.


Во врска со средбата во Џеда, Гончаренко изрази надеж дека разговорите ќе ја обноват довербата меѓу САД и Украина, откако Зеленски и Трамп се судрија во Овалната соба на Белата куќа.


Тој додаде дека целта на Украина е да обезбеди територијален интегритет, суверенитет и безбедносни гаранции за време на средбата.