Бизарно, побизарно не може! Мануел Нојер се повреди додека го славеше голот! Се огласи Баерн!

Точка

06/03/2025

19:41

2.086

Големина на фонт

а а а

Човекот кој се повредува на бизарен начин – Мануел Нојер!

Искусниот голман на Баерн Минхен речиси една година отсуствуваше од терените поради повреда здобиена на скијање. Токму кога се врати и се зачести меѓу стативите и почна да брани во стилот на неговите најдобри денови, доживеа нов малер.

Нојер се повреди на натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, во кој Баерн славеше со 3:0 против Баер Леверкузен.


При прославата на вториот гол на Џамал Мусијала, Нојер започна да трча во круг од радост, но наеднаш се фати за ногата и сигнализираше дека не може да продолжи.


Веднаш беше заменет, а по овој инцидент се огласи и Баерн Минхен.


„Нашиот 38-годишен капитен има пукнатина на мускулот во десната потколеница и ќе биде надвор од терените до понатамошно известување.“ – стои во официјалното соопштение на баварскиот клуб.