Голманот на Баерн, Свен Улрих (36) е главната приказна на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу тимот од Минхен и Баер Леверкузен (3:0).
Не го привлече вниманието со некоја бравура меѓу стативите или некоја интервенција, одбранет пенал…тој не само што не играше, туку не беше ниту на протоколот за мечот.
Улрих десет години е лојална резерва на недопирливиот Мануел Нојер, а моментално е трет голман на тимот, поради што за овој меч беше надвор од протоколот, па тој го следеше натпреварот од трибините, во цивилна облека.
Сепак, во 58. минута првиот голман Мануел Нојер се повреди при спринт за да го прослави вториот гол на Баерн, а набрзо беше заменет од Јонас Урбиг, оставајќи ги Баварците без резервен голман.
Но, тоа кратко траеше. Улрих беше повикан да ја облече голманската опрема, па брзо се симна од трибините на клупата, се пресоблече и за кратко време од гледач стана резерва на Баерн.
Фотографиите од Улрих на трибините во „цивилна“ облека, а потоа и оние од него како седи на клупата во опрема на Баерн станаа вирални.
Sven Ulreich changed and sat on the bench after Neuer's injury https://t.co/qa99UMEQng pic.twitter.com/JyeijSxgX2
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 5, 2025