Тери ги издвои најдобрите тројца играчи на Челси во оваа сезона

Дерби

06/03/2025

14:24

1.373

Големина на фонт

а а а

Челси игра уште една непредвидлива сезона, сезона во која клубот имаше подеми, падови, иако во еден момент изгледаше дека тимот го има пронајдено балансот и може со констатни игра да го нападне врвот во Премиер лигата.

Меѓутоа и тогаш тренерот Мареска тврдеше дека екипата не е подготвена за такво сценарио, нешто што се потврди во продолжението и фактот дека сега Челси има скоро 20 бода помалку од лидерот Ливерпул.

Џон Тери е икона на „сините“ и како човек кој има дадено многу за клубот сака истиот да биде успешен, да освојува титули, но според него во моментов премиерлигашот мора да цели само кон пласман во ЛШ.

- Дали ЛШ се уште е можност? Кој знае! Мислам дека оваа година покажавме знаци дека сме навистина млад тим. Во однос на настапите имавме добра серија, ама потоа паднавме. Секогаш ќе биде една од тие сезони за мене, дури и кога почнавме добро, сметав дека ќе имаме малку пад и тоа го направивме. Водете, Лигата на шампионите мора да биде минимум секоја година за мене. Кога играте во врвен клуб како Челси, менталитетот мора да биде фудбал во Лигата на шампионите од година во година, - рече Тери кој посочи тројца најдобри играчи во кампањата,

- Па, Кол [Палмер] веднаш се наметнува. Мислам дека Енцо [Фернандез] беше многу добар. Нони [Мадуеке] исто така, мислам дека се снајде добро оваа година, тој беше многу подобар и навистина директен, - истакна некогашниот англиски репрезентативец.