Посетила 24 европски земји - Издвоила пет метрополи каде не се чувствувала безбедно

Точка

21/02/2025

21:06

4.376

Големина на фонт

а а а

Откако пропатувала низ европскиот континент, Сара Лим го споделила своето искуство на ТикТок – истакнувајќи пет популарни локации на кои не планира да се врати.

Искусната патничка на ТикТок ги објави нејзините неодамнешни патувања, во текот на кои посетила 24 европски земји.

Меѓутоа, наместо да сподели класичен патопис, Сара решила да ги предупреди своите следбеници за пет градови во кои не се чувствувала безбедно.


„Пет градови во Европа каде што не се чувствував безбедно (како Азијка)“, напишала таа во описот на објавата.

„Посетив и неколку земји во Источна Европа, вклучувајќи го Балтикот и Балканот, а во Западна Европа се чувствував небезбедно!

Во продолжение листата на „небезбедни“ градови според Сара:

Париз, Франција

„На првото патување ме следеа ноќе додека бев сама, а на последното патување ме бркаа група мажи иако бев со пет пријатели“, се потсетила Сара. Таа исто така истакнала дека во Париз има „многу џепчии и ограбувачи на чанти“.


Брисел, Белгија

Што се однесува до Брисел, Сара признала дека не се случило ништо застрашувачко, но дека сепак „не се чувствувала безбедно“ ноќе шетајќи низ градот. „Имаше многу групи на мажи кои се вртеа низ центарот на градот ноќе, што беше многу вознемирувачко“, рекла таа.


Исто така таа тврди дека во овој град до смрт бил избоден студент на размена од Сингапур, што само ги „потврдило“ нејзините стравови, пренесе „Express.co.uk“.

Милано, Италија

Нејзиното искуство во Италија не започнало добро – таа се присетила како „речиси ја измамиле“ во нејзиниот апартман, каде што „соучесниците“ на измамникот направиле целата шема да изгледа многу убедливо.


Сара додаде: „Ноќното шетање во станбени области беше прилично небезбедно – морав да им се јавам на машките пријатели за да ме придружуваат мене и мојата пријателка назад до апартманот“.

Барселона, Шпанија

Четвртиот град на листата на Сара е Барселона. Иако и тука не доживеала ништо „особено лошо“, морала да биде „многу внимателна“ поради присуството на џепчиите.


„Слушнав од други Еразмус студенти за случаи на напади со нож и грабежи“, рекла Сара.

Рим, Италија

На дното на нејзината листа е уште еден италијански град – Рим. Таму, како што рече Сара, има голем број измамници на секој чекор. „Таму честа појава беа џепчиите и ограбувачите на чанти“.

Нејзината објава предизвика бројни реакции кај корисниците на ТикТок, а многумина од нив споделија слични искуства од овие градови.


Една корисничка го споделила своето искуство од француската престолнина: „И мене ме следеа во Париз додека бев сама среде бел ден. Белгија дефинитивно беше сомнителна ноќе – успеавме да спречиме џепчија кој се обиде да краде“.

Друг корисник исто така се согласил со Сара: „Милано и Париз се токму такви. На мојата пријателка од Париз ѝ ја украдоа чантата во воз. А во Милано насекаде има џепчии, буквално од далечина можевме да ги препознаеме“.

Сепак, други корисници имаа попозитивни искуства.

„Живеев во Париз и се чувствував многу безбедно сè додека не бев во близина на станицата Gare du Nord! напишала една корисничка. Друга додала: „Имав среќа да поминам еден месец во Париз и никогаш не се чувствував небезбедно!