Ким Кардашијан објавила фотографија од невин маж, мислејќи дека е осуден на смрт: Тој сега ја тужи

Точка

21/02/2025

14:45

1.993

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан се соочува со тужба за клевета. Имено, маж тврди дека таа му предизвикала кошмари откако на Инстаграм објавила негова фотографија со натпис кој сугерирал дека е осуден на смрт поради двојно убиство.

Ким тврди дека тоа била ненамерна грешка

Според правните документи во кои имал увид Ролинг Стоун, контроверзната објава на социјалните мрежи што ја споделила Кардашијан гласи: „Државата ќе го погуби Иван Канту за два дена. Ве молиме, потпишете ја петицијата и побарајте од Грег Вилис, окружниот обвинител на округот Колин Каунти, да го повлече датумот на извршување на казната“.

Меѓутоа, на фотографијата која била објавена под овој натпис, бил прикажан невин човек со исто име – 60-годишниот Иван А. Канту, проект менаџер од Вестчестер, Њујорк.

Иако Ким тврди дека тоа била ненамерна грешка, Канту во тужбата рече дека објавата му предизвикала тешка емоционална вознемиреност, понижување и го нарушила неговиот углед.

Канту се обидел да ја смири ситуацијата

Од друга страна, вистинскиот Иван Канту, 50-годишен осуденик од Тексас, е осуден за убиство на својот братучед и неговата свршеницата во Далас. Иако тој повеќе од 20 години тврдел дека е невин, беше погубен со смртоносна инјекција на 28 февруари 2024 година.

Ријалити ѕвездата и ќерка на познатиот адвокат Роберт Кардашијан долго време се залагаше за реформа на казнениот систем, а се чини дека со оваа објава сакала да ја крене свеста за Канту и неговата претстојна егзекуција – пред да се случи грешката со идентитетот.


По објавата, Канту се обидел да ја смири ситуацијата со неговата објава на Фејсбук: „До сите мои пријатели и семејството – не сум осуден на смрт. Некој идиот кој го управува профилот на Ким Кардашијан ја искористил мојата фотографија наместо онаа на Иван Абнер Канту“.

Ким се надева на решавање на спорот без судска постапка

Од друга страна, адвокатот на Кардашијан, Мајкл Роус, инсистира дека тоа била ненамерна грешка: „Тоа беше едноставна грешка – користење на јавно достапна фотографија од друг маж со исто име за да се промовира долгогодишната посветеност на Ким на реформирањето на казнениот систем“.


Тој додаде дека фотографијата била отстранета „речиси веднаш“ и дека се надеваат на решавање на спорот без правна постапка.

Меѓутоа, адвокатот на Канту, Грег Собо, рече дека не може да се нанесе поголема штета на нечиј углед од поврзувањето со убиство.