[ВИДЕО] Дрејк забележал бремена обожавателка на концертот во Сиднеј: И‘ подарил 30.000 долари

Точка

21/02/2025

13:43

1.479

Големина на фонт

а а а

Раперот Дрејк ја воодушеви публиката на концерт во Сиднеј. Имено за време на настапот вниманието го привлекла обожавателката Тијана Хендерсон, која во публиката држела транспарент со порака дека е во 20 недела од бременоста, а Дрејк ја забележал и решил да реагира. „Излези од толпата“, ѝ рекол тој.

Тој ѝ донирал 30.000 долари

Пејачот потоа му наложил на својот асистент да ѝ обезбеди ВИП влезници и да ѝ подари 30.000 долари. Тијана била пресреќна и му се заблагодарила на раперот за овој дарежлив гест.

„Толку многу те сакам и никогаш нема да го заборавам ова искуство“, напиша таа, и додаде дека овој момент засекогаш ќе го памети.


Дрејк поднел тужба

Потсетуваме, претходно овој месец адвокатскиот тим на Дрејк поднесе тужба за клевета поради песната на Кендрик Ламар „Not Like Us“, која Ламар ја изведе и на Супер Боул.

Некогашните блиски пријатели, Дрејк и Ламар во последниве месеци се во отворен конфликт, а канадскиот рапер решил по правен пат да реагира на хитот на Кендрик од 2024 година.