[ВИДЕО] Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, гостин на "Тема на денот": „Ќе бараме доживотен затвор“

24Вести

04/02/2025

20:55

2.994

Големина на фонт

а а а

Тодор Кулаков, татко на трагично загинатата Фросина гостуваше вечерва на "Тема на денот" на ТВ Сител, и со солзи во очите зборуваше за кобната ноќ.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на протестите, искажа и благодарност кон институциите и медиумите. Најави нови, помасовни протести и бара максимална казна за момчето кое ја прегази Фросина.

– Нашиот стан е во Дебар маало, тоа е на 200 метри, девојчето излезе со кучето како што тоа и го правеше секоја вечер. Додека седевме дома ја слушнавме брзата помош, викотници, неколку полициски возила, веднаш зедов телефон да и звонам на Фросина, не одговара, звонеше и мајка и, пак не се јави. Не треба ако дете не ти одговара не телефон да знаеш дека нешто се случило“, вели Кулаков.

Додаде и дека три часа на местото на местото на настанот не се појавил обвинител.

Изјави и дека има сознанија дека се планира Васил Јованов да биде сместен во друга институција.

–Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така еднаш свирепо е убиена, веројатно поради тоа што таков како што ни е системот ќе треба уште стопати таа да умира и ние со неа. Последно сознание кое што стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават дека е шекнат од болка, а тоа е бидејќи им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат, па сакаат да го префрлат во некоја друга институција, како на пример лудница каде ќе може слободно да комуницираат, вели Кулаков.

Кулаков најави и нови протести и тоа многу помасовни пред институциите. Рече дека бараат максимална казна за момчето кое го прегази нивното девојче, ги наброја сите дела по кои би требало да одговара а тоа, според него значи дека треба да добие доживотен затвор.

Тој вели дека и родителите на Јованов треба да одговараат.

„Се собираат повеќе од 40 години во казни. Немал право да го вози автомобилот без возачка дозвола, поминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената. Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата“.

Потсетуваме, Васил Јованов под дејство на алкохол, на црвено светло и без возачка дозвола смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. Се случија низа протести за правда и за одговорност по информациите дека Васил и претходно се судирал со законот, но поминувал полесно.