Саудиска Арабија ја потврди својата позиција дека нема да воспостави врски со Израел без создавање на палестинска држава.
Оваа позиција е „цврста и непоколеблива“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата објавено по прес-конференцијата на Трамп и Нетанјаху.
Министерството додаде дека за ова „не може да се преговара“, додавајќи дека „траен мир“ не е можен без да им се даде на Палестинците нивното „легитимно право“ на државност.
Претходно во Белата куќа, американскиот претседател и израелскиот премиер истакнаа голем број успеси за време на првиот мандат на Трамп, вклучувајќи го и потпишувањето на договорот – со кој се воспоставија дипломатски врски меѓу Израел и неколку арапски земји.
Трамп, исто така, рече дека се надева дека ќе ги обнови овие напори за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.