Манчестер Сити потроши дури 243 милиони евра, додека водечкиот Ливерпул само 42 милиони

Точка

04/02/2025

15:51

1.286

Големина на фонт

а а а

Повеќе од Сити потроши неговиот градски ривал Манчестер Јунајтед, кој е „полесен“ за 244 милиони евра,.

Манчестер Сити го заврши зимскиот преоден рок со доведување на играчот од средниот ред на Порто, Нико Гонзалес (23), за кого платија 60 милиони евра. За еден месец Сити потроши дури 243 милиони евра на засилувања, додека лидерот во Премиер лигата Ливерпул потроши скромни 42 милиони.


Манчестер Сити во јануари го ангажираше египетскиот напаѓач Омар Мармуш (25) од Ајнтрахт Франкфурт за 75 милиони евра. Сити плати 40 милиони евра на францускиот Ленс за 20-годишниот узбекистански дефанзивец Абду Кусанов, додека 19-годишниот бразилски дефанзивец Витор Реис кој пристигна од Палмеирас чинеше 37 милиони евра. Во клубот пристигна уште еден млад Бразилец, 20-годишниот крилен напаѓач Савињо, а за него на Троа и платија 25 милиони евра. Тренерот Пеп Гвардиола го комплетираше подмладувањето на тимот со купување на 18-годишниот дефанзивец од Сиера Леоне, кој дојде од Ваљадолид за шест милиони евра.


Сепак, овој јануари во Премиер лигата, Брајтон, кој е на десеттото место на првенствената табела, потроши најмногу на потписи. „Галебите“ потрошија 280 милиони евра за нови играчи. Повеќе од Сити потроши неговиот градски ривал Манчестер Јунајтед, кој е „полесен“ за 244 милиони евра,.


Голем трошач беше и Челзи кој потроши 238 милиони евра. Челзи моментално е четврти во Премиер лигата, а најдобрите четири екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Зад Челзи на табелата се Манчестер Сити и Њукасл кои заостануваат по два бода.