Карагер воодушевен од еден играч на Арсенал кој го прекина исмевањето на Халанд: Така прават лидерите

Дерби

04/02/2025

14:23

1.572

Големина на фонт

а а а

Арсенал го потопи Манчестер Сити во второто полувреме и го испрати актуелниот шампион со „петарда“ во својата мрежа од „Емирејтс“, стадион на кој посебно уживаа навивачите на Арсенал и поради сеирот кој му се фаќаше на Ерлинг Халанд.

Поради нервозата и провокациите кои датираа од претходното дерби, Норвежанецот беше главна мета за потсмев во Северен Лондон, па во таквото сценарио се вклучи и младиот Мајлс Луис-Скели кој го постигна голот за 3:1.

Талентираниот фудбалер го истрола Халанд такашто ја имитираше неговата прослава, но додека тој го правеше тоа, Деклан Рајс во улога на лидер го прекина неговото шоу и почна да го распоредува на теренот.

Овој детаљ посебно внимание му привлече на Џејми Карагер, кој во својата вчерашна анализа го посочи Деклан како пример за вистински професионалец.

– Јас ја сакав фудбалската ароганција на теренот, но не ми се допадна оваа сцена бидејќи млад фудбалер го исмева Халанд. Ова беше голем момент за него, но внимавајте на Деклан Рајс.

– Тој го повлече од земја и бараше од него да се врати на својата позиција. Вака треба да се однесува еден лидер и еден поискусен играч со младите фудбалери, – порача Карагер.

Видеото погледнете го ТУКА.