Украински командант: Севернокорејците се разнесуваат за да не паднат во наши раце

Макфакс

27/01/2025

17:05

1.800

Големина на фонт

а а а

Севернокорејските војници привремено се повлекоа од бојното поле во Русија по претрпените големи загуби, изјави за „Скај њуз“ командант на украинските специјални сили, познат по кодното име Пулс.

Според него, војниците на Ким Џонг-ун веројатно се обидуваат да научат од грешките направени при првите крвави судири со украинските сили, се грижат за ранетите или чекаат засилување. „Мислам дека набргу ќе се вратат“, рече Пулс од тајната база во североисточна Украина.


Интервјуата со неколку украински војници открија детали за тоа како Севернокорејците се борат откога пристигнаа на бојното поле во руската област Курск минатиот месец.

Според „Скај њуз“, севернокорејските војници немаат свест за заканите од беспилотни летала и артилерија. „Напаѓаа пеш во групи од 20, 40, дури и 60 луѓе, како сцени од Втората светска војна, станувајќи лесни цели“.

Имаат целосна индоктринација поради што продолжуваат да напредуваат и покрај украинскиот оган и загубите меѓу нивните редови. Тие се обидуваат да ги отстранат доказите за нивното присуство – Севернокорејци со бели шлемови се видени како се обидуваат да ги евакуираат ранетите и мртвите.


Севернокорејските војници исто така се спротивставуваат на апсењето, а некои војници наводно се разнеле со гранати за да не паднат во рацете на Украина. Пулс дури тврдеше дека еден Севернокорејец извикал „За генералот Ким Џонг-ун“ пред да се самоубие.