[ФОТО] Полицијата заплени "Cybertruck": Не е легално да се вози, освен во Албанија

Точка

20/01/2025

19:36

1.278

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Манчестер заплени електричен пикап "Tesla" бидејќи не е легално да се вози по патишта во Велика Британија.

"Tesla" моментално го продава "Cybertruck" само во САД и Канада, додека во Европа тоа не е можно поради строгите прописи за безбедност на пешаците.

Возачите најдоа начин да ги заобиколат овие правила со увоз на ова електрично возило во Албанија, каде што може да биде регистрирано, осигурано и опремено со гумени влошки за покривање на острите рабови на пикапот.

Возилото потоа било запленето според членот "S165" од Законот за патен сообраќај и возачот бил пријавен, објави "Sky News".

Officers from #GMPTransportUnit stopped this Tesla Cybertruck in #Whitefield last night.


The driver was a permanent UK...

Posted by Bury Police - GMP on Thursday 16 January 2025

Доколку сопственикот сака да му се вратат клучевите од возилото, ќе треба да докаже дека е легален сопственик на "Cybertruck" и да има соодветно осигурување за возилото, што нема да биде лесна задача.

"Sky News", исто така, додаде дека, дури и ако сопственикот го врати возилото, нема да може да го вози бидејќи "Cybertruck" сè уште не ги поминал тестовите за безбедност на патиштата во Велика Британија.

Така, сопственикот има две опции: да се пресели во Албанија и да ужива во "Cybertruck" таму, или да го паркира во двор во Манчестер и да го користи како статична атракција.