[ВИДЕО] Несреќен почеток на годината за Ф1 возачот: Некој го уништи "Ferrari F40" на Ландо Норис

Точка

20/01/2025

16:43

739

Големина на фонт

а а а

Норис не бил зад воланот на автомобилот вреден милиони долари во моментот на несреќата.

Многумина сметаат дека "F40" е ултимативното "Ferrari", бидејќи тоа беше последниот модел одобрен од самиот Енцо Ферари, кој почина само една година по претставувањето на суперавтомобилот.

Произведени се само 1.311 примероци, а денес купувањето на еден би ве чинело милиони. "RM Sotheby’s" продаде примерок со мала километража за импресивни 3,3 милиони долари во 2023 година. Со оглед на стапката со која автомобилите "F40" се оштетуваат во несреќи, нивната вредност само ќе се зголемува.

Набзо откако "F40" доживеа тешка несреќа во Обединетото Кралство, се појавија снимки од друга несреќа. Се верува дека инцидентот се случил во Монако, а Ферарито на Ландо Норис удрило во заштитна ограда, оштетувајќи го иконскиот автомобил од 1980-тите, што беше сон на многу ентузијасти за автомобили.

Возачот на Формула 1 не бил зад воланот во моментот на несреќата. Извештаите наведуваат дека инцидентот наводно се случил на почетокот на јануари, додека возачот на Мекларен ја прославувал Новата година во Дубаи.

Првично објавено на "TikTok" од корисникот "Thanosofmonaco", видеото покажува како возачот губи контрола над скапоцениот автомобил.

Што тргнало наопаку? Неколку фактори може да бидат во игра. "Turbo-lag" беше значаен проблем кога беше дизајниран "F40". Кога ќе влезат двојните турбополначи на "V8" моторот, мора да бидете подготвени.

Без електронски асистенти за одржување на автомобилот на посакуваниот курс, губењето на контролата на "Ferrari" со погон на задните тркала, кој е направен пред повеќе од 30 години, може да се случи за дел од секундата.

Исто така, не треба да се исклучи механичкиот дефект. Дали едно од тркалата можеби се блокирало?

Без разлика на причината, овој "F40" ќе бара некои поправки, кои можеби не се големи по обем, но ќе бидат многу скапи.

Каросеријата, дизајнирана од "Pininfarina" и направена од кевлар, карбонски влакна и алуминиум, ќе бара сериозна работа, но се чини дека штетата е ограничена на задниот дел на возилото. Ова "Ferrari" дефинитивно ќе се врати на патот по поправките.

Интересно е што тркалата на ова "Ferrari" не се оригинални фабрички. Фотографиите од минатата година, кога Норис го зеде автомобилот, го покажуваат "F40" со приспособениот комплет "Enkei" дизајнирани да потсетуваат на бандажи од реткиот "F40 LM" модел.

Се чини дека Монако не е среќно место за моделите "F40". Некои ќе се сеќаваат на инцидентот од пред пет години, кога изгоре "F40" во тесните улички на ова суверено кнежевство лоцирано на француската ривиера.