"TikTok" жестоко ги негираше шпекулациите: „Не можеме да коментираме чиста фикција“

Точка

14/01/2025

19:22

597

Големина на фонт

а а а

"TikTok" категорично ги отфрли шпекулациите дека Кина размислува да ја продаде популарната апликација на технолошкиот милијардер Илон Маск, нарекувајќи ги таквите тврдења „чиста фикција“.

Оваа реакција уследи по извештајот на "Bloomberg", повикувајќи се на анонимни извори, во кој се тврди дека „кинеските официјални лица ја проценуваат потенцијалната опција која го вклучува Илон Маск во купувањето на операциите на "TikTok" во САД“. „Не можеме да коментираме чиста фикција“, беше јасен и директен одговор од претставник на "TikTok" за "Variety".


Маск, кој е извршен директор на "Tesla" и "SpaceX" и моментално е најбогатиот човек во светот, не го коментираше извештајот на "Bloomberg". Откако го купи "Twitter" во зделка вредна 44 милијарди долари во 2022 година и го преименуваше во X, "Bloomberg" шпекулираше дека според „едно сценарио“ X може да ја преземе контролата врз американскиот "TikTok" и да ги води двата бизниси заедно.

Неизвесната иднина на апликацијата

"TikTok" се соочува со забрана во САД според законот што стапува на сила на 19 јануари, освен ако Врховниот суд не донесе одлука што ќе го спречи да стапи на сила. На 10 јануари, Врховниот суд ги сослуша аргументите во итна жалба на "TikTok", каде што "TikTok" и "ByteDance" тврдеа дека законот ги крши правата од Првиот амандман на нивните 170 милиони американски корисници.

"ByteDance", компанија со седиште во Пекинг која поседува околу 40% од "TikTok", не покажа намера да го продаде својот удел. Згора на тоа, кинеските власти претходно посочија дека ќе ја блокираат таквата продажба.


Американските пратеници изразија сериозна загриженост за кинеската сопственост на "TikTok", тврдејќи дека кинескиот комунистички режим би можел да ја користи апликацијата за да ги шпионира Американците или да шири прокинеска пропаганда. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да го одложи спроведувањето на законот за да може неговата администрација да работи на „решение со преговори“ кое ќе ги заштити и правата на потрошувачите и националната безбедност.