Oва е отровното растение на годината! Што е толку лошо во јаткастиот плод кој ги штити мозокот, срцето и спречува некои видови на рак?

Точка

14/01/2025

16:40

2.102

Големина на фонт

а а а

Варен или печен, посолен или карамелизиран, најчесто е здраво, но има и своја темна страна.

Го сакаме како здрава грицка, бидејќи е богат со незаситени масти, протеини, влакна, есенцијални витамини и минерали. Како и секое јаткасто овошје, знаеме дека треба да го јадеме умерено бидејќи обично се многу калорични, па границата не е повеќе од 10 парчиња дневно. Овој јаткаст плод е особено богат и со витамин Б6, кој во сто грама содржи доволно за да задоволи 20 отсто од дневната потреба за овој витамин, кој е неопходен за нормална функција на мозокот, спречување на кожни нарушувања и забавување на стареењето.


Богат е и со селен, сто грама содржи 12 микрограми од овој минерал, кој е добар антиоксидант и помага во спречување на срцеви болести, па дури и некои видови на рак. Содржи и железо, цинк, бакар, калциум, магнезиум, калиум и витамин Е. Потоа, тука се и протеините и полифенолите кои на нашиот организам му обезбедуваат значителни здравствени придобивки – од добро здравје на срцето, превенција од мозочен удар, регулирање на шеќерот во крвта, подобрено здравје на мозокот и негово подобро функционирање до здрави очи и коски, како и посилен имунолошки систем. Сето ова го припишуваме на индискиот орев, кој беше прогласен за отровно растение во 2025 година.

Избор на германската ботаничка градина

Натпреварот традиционално го организира германската ботаничка градина „Вандсбек“ за да обезбеди информации за токсичните ефекти на растенијата кои луѓето најчесто ги користат без да знаат за нивните посебни својства. Темната страна на индискиот орев лежи во фактот дека неговата лушпа е отровна.


„Индиските ореви во Европа ги среќаваме само во продавниците за храна и тие се целосно нетоксични за човечката исхрана бидејќи се обработени пред да стигнат до продавниците. Имено, плодот кој потекнува од североисточен Бразил, а денес се одгледува во Африка, Азија, Латинска Америка и Индија, содржи масло кардол, кое негативно влијае на слузницата и може да предизвика сериозни колики и алергии на кожата кои се – според ботаничката градина Вандсбек – 'споредливи со изгореници од втор степен'.

Штетен кардол

 „Сирови индиски ореви не смеат да се консумираат. Лушпата на индискиот орев е тврда и содржи отровно масло (кардол), што доведува до здравствени проблеми по консумирањето. Купените индиски ореви обично се безопасни, бидејќи надворешната лушпа, која содржи најголема количина кардиол, се отстранува пред продажбата. Потоа се пржат или се варат на пареа. Овие процеси го прават отровниот кардиол безопасен. Вака преработени индиските ореви се вистински извори на енергија и нудат голем број здравствени придобивки. Тие се богати со незаситени масни киселини, протеини, влакна, витамини и минерали. Тие се особено богати со магнезиум, бакар, цинк и витамин Б“, се наведува во Ботаничката градина.

Тие истакнуваат дека индиските ореви купени во продавниците како готови производи може, меѓутоа, да содржат сол или шеќер, па советуваат да се внимава тие да бидат несолени и да содржат што е можно помалку шеќер.


Исто така, индиските ореви содржат хистамин. Луѓето со нетолеранција на хистамин треба да го ограничат нивното консумирање, предупредуваат германските ботаничари и повикуваат веќе да се номинираат кандидати за следната отровна билка на годината од листата на токсични растенија на нивната веб-страница. Доколку отровно растение го нема на списокот, може да се предложи, списокот ќе се ажурира, а од јуни ќе може и да се гласа. Растението кое ќе добие најмногу гласови се прогласува за отровно растение во 2026 година, а јавноста има можност да дознае повеќе и за неговата темна страна.