По Австралија и Индонезија планира да постави минимална возраст за пристап до социјалните мрежи

Макфакс

14/01/2025

12:08

325

Големина на фонт

а а а

Индонезија планира да донесе регулатива со која ќе се постави минимална возраст за пристап до социјалните мрежи за да се заштитат децата, изјави индонезиската министерка за комуникации Меуџа Хафид.

Таа не прецизираше колкава ќе биде минималната старосна граница за пристап до социјалните мрежи, објави Ројтерс.

Хафид рече дека разговарала за плановите со индонезискиот претседател Прабово Субианто и дека тој ја поддржал заштитата на децата во дигиталниот простор.

Австралиската влада соопшти претходно дека ќе донесе закон оваа година за воведување минимална возраст за пристап на децата на социјалните мрежи, но допрва треба да објави која ќе биде минималната возраст за пристап до мрежите.