Скандал по шпанскиот Суперкуп: „Арапи ни ги допираа жените и ги сликаа без дозвола“

Точка

10/01/2025

13:23

3.219

Големина на фонт

а а а

По жестоката пресметка помеѓу Реал Мадрид и Мајорка во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во Џеда, полемиката продолжи и надвор од теренот.

Сопругите на фудбалерите и навивачите на Мајорка упатија сериозни поплаки за односот што го доживеале од локалната публика и организацијата на стадионот „King Abdullah“.


Кристина Палавра, сопругата на играчот од средниот ред на Мајорка, Дани Родригез, јавно го осуди однесувањето на локалните мажи кон неа и кон другите членови на семејството на играчот:

„Излегувањето од стадионот беше малку комплицирано. Отидовме со деца и немаше осигурување. Мажите од оваа земја (Саудиска Арабија) почнаа да не сликаат одблиску и да не малтретираат. И Натали исто така, сопругата на Доминик Грајф“, рече Палавра, пренесува "Marca".


„Отидовме организирано, сите заедно, но ништо друго не можевме да направиме. „До автобусот стигнавме како што знаевме и умеевме“, додаде таа.

Слични обвинувања упати и еден од навивачите на Мајорка, кој опиша непријатно искуство на стадионот.


„Имаше многу малку навивачи на Мајорка и тие не се грижеа за нас и не не штитеа. Нè помешаа со домашните навивачи и во текот на целиот натпревар, многу од нив ни пречеа, не исмејуваа, малтретираа и провоцираа деца и постари луѓе“.

„Беше многу срамно, но најлошо од се беше она што се случи на крајот од натпреварот. Не фотографираа без наша согласност, нè удираа по тилот … Беше многу непријатно, но најлошо беше тоа што го претрпеа жените. Беа допирани и фотографирани без согласност! Да...ги допираа“, додаде тој.


Овие обвинувања повторно ја отвораат дебатата за корисноста од организирање на националните фудбалски купови на илјадници километри од матичната земја, особено во земји со различни безбедносни стандарди и социјални норми. Меѓутоа, бидејќи ваквите настани создаваат огромни приходи за клубовите и здруженијата, малку е веројатно дека таквите жалби ќе влијаат на промената на сегашната практика.

Ваквите инциденти секако ќе привлечат дополнително внимание и критики кон одлуките кои ја ставаат безбедноста и удобноста на навивачите во втор план зад финансискиот профит.