Родителите на Коста осудени за масакрот во Рибникар: Пресудата е изречена, таткото ја доби максималната казна од 14,5 години, а еве колку ќе одлежува Миљана Кецмановиќ

Точка

30/12/2024

14:08

7.100

Големина на фонт

а а а

Судијата на Вишиот суд во Белград денес во зградата на Палатата на правдата им ја изрече казната на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето убиец што го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“. Тие се осудени.

Владимир Кецмановиќ е осуден на 14,5 години затвор, а Миљана Кецмановиќ на три години затвор. Инструкторот од стрелиште е осуден на 15 месеци затвор поради лажно сведочење.


Родителите на убиените деца од училиштето присуствуваа на изрекувањето на пресудата на Миљана и Владимир Кецмановиќ, а заедно со нив и на судењето биле и родителите на децата убиени во масакрот во Мало Орашје и Дубона.

Обвинителот побарал максимални казни

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, при излагањето на завршните зборови побара од Вишиот суд Владимир и Миљана Кецмановиќ да ги осуди на максимални законски казни.

Изнесувајќи го својот завршен збор на судењето пред Вишиот суд во Белград, Стефановиќ, како што пишуваа српските медиуми, за Владимир Кецмановиќ предложил 12 години казна затвор за Тешко кривично дело против општата безбедност и 3 години затвор за кривично дело Запоставување и злоставување малолетно лице, односно единствена казна од вкупно 14 години и 11 месеци затвор.


За Миљана Кецмановиќ предложил 2 и пол години затвор и парична казна од 500.000 динари за кривично дело Неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и 3 години затвор за Запоставување и злоставување на малолетно лице, односно единствена казна затвор од 5 години и 5 месеци затвор.

Момчето убиец не одговара кривично

Момчето убиец е родено на 31 јули 2009 година, што значи дека во моментот на злосторството имало само 13 години. И покрај страшната сериозност на масакрот и покажаната бруталност, според Законот за малолетни сторители и казненоправната заштита на малолетни лица, тој не може кривично да одговара бидејќи се третира како – дете!


„Лице кое во моментот на извршување на незаконито дело, дефинирано како кривично дело со закон, не наполнило 14 години, не може да му се изречат кривични санкции ниту да му се применат други мерки предвидени со овој закон“, пишува во членот. 2 од Законот за малолетни сторители.

Претходно денес се одржа судењето на семејството Кецмановиќ во парнична постапка на 27-те членови на семејството на убиените, каде беа сослушани вештаците. Тие откриле дали бил способен да расудува во времето кога го извршил масакрот, односно дали бил пресметлив.

Наскоро поопширно …